Пет кластерски здруженија денеска добија решенија за финансиска поддршка од вкупно 1,6 милиони денари за реализација на нивните проекти. Решенијата се дел од владината Програма за конкурентно, иновации и претприемништво 2014, а ги врачи министерот за економија Беким Незири. Суштината на постоењето на кластерите, посебно атрактивни за малите и средните претпријатија, е иницирање заеднички активности и проекти за развој на секторот, регионот, иновациите и извозот преку зголемување на соработката меѓу фирмите, науката и други развојни чинители. Успешното поврзување во кластер резултира со мрежа од заемно корисни врски за размена на информации, идеи, нови технологии, истражувања, стекнување способности, пазари, нови деловни модели, истакна Незири пред доделувањето на решенијата.
Пет кластерски здруженија денеска добија решенија за финансиска поддршка од вкупно 1,6 милиони денари за реализација на нивните проекти.
Решенијата се дел од владината Програма за конкурентно, иновации и претприемништво 2014, а ги врачи министерот за економија Беким Незири.
- Суштината на постоењето на кластерите, посебно атрактивни за малите и средните претпријатија, е иницирање заеднички активности и проекти за развој на секторот, регионот, иновациите и извозот преку зголемување на соработката меѓу фирмите, науката и други развојни чинители. Успешното поврзување во кластер резултира со мрежа од заемно корисни врски за размена на информации, идеи, нови технологии, истражувања, стекнување способности, пазари, нови деловни модели, истакна Незири пред доделувањето на решенијата.
Државата ги поддржува активностите на кластерските здруженија преку програми од 2009 година. За 2014 до Министерството за економија пристигнале 14 проекти од кои се избрани најдобрите, креирање национална асоцијација на кластери и развивање курикулми за тренинг центар - 400.000 денари, конфекциско инженерство - 393.400 денари, активности за зголемување на конкурентноста, подобар квалитет на производите преку едукација и показно демонстративни платформи за сушење печурки - 380.000 денари, изработка на промотивен извозен каталог - 295.500 денари и поврзување со универзитетите - 131.100 денари.
Во петте кластерски здруженија кои ја добија финансиската поддршка членуваат 120 компании со околу 20 илјади вработени.